Биотехнологијата е наш стратешки приоритет

Биотехнологијата е наш стратешки приоритет
Nobel Pharmaceuticals ја препознава биотехнологијата како стратешки приоритет. Со нашиот влез во ова поле во 2005 година со клиничката студија Interferon Alpha Phase II, како прва меѓу локалните фармацевтски компании во Турција, Nobel ги продолжи студиите за биотехнологија со грантови од владата иницирани со свој капитал.

2015 година беше пресвртница за Nobel Pharmaceuticals и турската индустрија во областа на биотехнологијата. Помеѓу 28 проекти и 21 компании, Nobel беше единствената компанија со KAMAG 1007 проект со субвенција од 10 милиони американски долари. Со овој проект беше инициран првиот национално поддржан проект за биосимиларност од страна на државата (BIOSIM-1).

Последователно, нашиот реструктуиран bi-mAb проект, кој беше инициран со поддршка од TÜBİTAK, како дел од соработката меѓу Универзитетот Билкент и Nobel, е првиот проект за развој на оригинални биотехнолошки молекули во Турција.

Со лансирањето на лекови со висока вредност, произведени од Nobel Pharmaceuticals, на домашниот и меѓународните пазари овозможува балансирање на странскиот трговски дефицит во турската фармацевтска индустрија.

IFC (Меѓународна финансиска корпорација), институција на Групацијата на Светска банка, инвестираше 25 милиони американски долари во Nobel Pharmaceuticals, за својот капацитет за производство на биотехнолошки лекови. TÜBİTAK ја поддржува оваа инвестициска програма и со финансиска и со техничка помош.

Nobel Pharmaceuticals, како дополнување на своите биосимиларни инвестиции, има за цел да ја зголеми меѓународната конкурентска моќ и на компанијата и на Турција со тоа што ќе се фокусира на развој на оригинални биотехнолошки молекули.

Инвестицијата во биотехнологијата на Nobel ќе биде наменета во секторот Истражување и Развој и опрема со производствен капацитет до 10,000L на 3 различни локации.

Наша цел е да го реализираме домашното производство од областа на биотехнологијата и да развиеме нови молекули, како би ја пополниле празнината на ова поле во Турција со домашен капитал, со нашиот пристап за производство на иновативни производи и производи со висока додадена вредност, со приоритет даден на потребите на нашата земја во согласност со фармацевтските GMP/GLP стандардите и капацитети на Nobel, комплетно поставени во Tübitak Marmara Teknopark.