Marmara Teknokent (MARTEK) Центар за Биотехнологија и Истражување и Развој

Marmara Teknokent (MARTEK) Центар за Биотехнологија и Истражување и Развој
Овој објек за истражување и развој, ги исполнува условите за ДПП/ДЛП, кои што се целосно воспоставени во Tübitak Marmara Teknopark со цел изведување на домашно производство од областа на биотехнологијата и развој на нови молекули. Тука, студиите кои се спроведуваат имаат пристап кон производство на иновативни и производите со висока додадена вредност, при што приоритет се става на потребите на нашата земја.

Nobel Pharmaceuticals го основа еден од најважните високотехнолошки биотехнолошки фармацевтски капацитети на Турција, каде со своите лаборатории за истражување и развој и ДПП производствени објекти и капацитет на реакторот од 2x1000L, ја реализира својата мисија „Вреди за здравјето“. Овој објект кој вклучува процес на Down Stream и Up Stream развојни лаборатории, био-анализи и биоаналитички лаборатории е изграден во согласност со потребните барања за чисти простории, поседува опрема и инфраструктура потребна за да се изведат сите златни стандарди потребни за развој на 4 нови производи годишно и е изграден во согласност со сите стандарди за квалитет и документација, особено према ДПП стандардите.

За развојот на биолошки лекови е формиран голем тим кој се состои од квалификуван персонал за истражување и развој, дел од странство а дел високо-обучен персонал од Турција, во областите на молекуларна биологија, генетика и биоинженеринг, при што приоритет им се дава на оние кои имаат магистерски и докторски студии.

Nobel Pharmaceuticals ја продолжува својата цел да развива не само биосимиларни лекови, но исто така и оригинални лекови во рамките на своите инвестиции на истражување и развој од областа на биотехнологијата и има за цел да создаде екосистем неопходен за Турција да го достигне глобалното место што го заслужува на ова поле. За таа цел, одржува проекти за соработка со водечките турски институти и универзитети.

Во процесите на развој и производство на биотехнолошки лекови, земени се предвид стандардите поставени од СЗО, ЕМА и ФДА, со цел да се пласираат дизајнираните лекови не само во Турција, туку и во целиот свет.